header image

Совршен видео спот

Posted by: alek_careca | мај 6, 2012 | 2 Comments |

Идеата вреди многу повеќе од парите за да се изработи видео запис кој е просто совршен. Тешко се импресионирам, но спотов ме занеме.

Просто, едноставно, лесно ….со хрома позадина и одлична идеа, ја пренесе песната генијално. Браво и секоја чест!

Bookmark and Share

under: Uncategorized, лично, локално, музика, политика, љубов
Tags: , , , , , ,

Транскоп

Posted by: alek_careca | март 18, 2012 | 6 Comments |

Прво малку фактографија. Транскоп, најстар македонски автопревозник (65 години традиција некаква), кој на овој или оној начин за преживеа трансформацијата, и продолжи да егзистира како фирма. Исчезнаа Пролетер, Полет, разно разни трансови и какви ли не превози, опстанаа Транскоп и охридски Галеб како бренд имиња. Авто превозник од Битола кој го го поврзува вториот најбитен град во Македонија со преспанско-пелагонискиот регион, со Скопје, Белград и Софија.

Транскоп во моментов држи 10-12 линии дневно кон Скопје. Велам 10-12 затоа што возт според тоа како се расположени. Држат целосен монопол на истата линија, затоа што освен нив кон битола вози само Принц од Ресен, кој е во сопственост на истите газди, и два пати дневно охридски Галеб за кој не важат повратните билети кои ве читат двојно повеќе ако платите за во еден правец.

Идиотизмот на оваа фирма е повеќе слоен. Неретко праќаат крнтии кои тврдам дека не ги исполнуваат критериумите за да бидат регистрирани, а и доколку се, не би смееле да обавуваат превоз подалеку од Новаци или Тополчани. Возат буквално кога сакаат. Пред некоја недела го укинале автобусот од Битола до Скопје во 19 часот, и истиот немало да вози до 15 мај. Последниот автобус од Битола накај Скопје е во 16:30. Беда! Мизерија! Битола ја прават последна паланка, на милост и немилост на овој монопол.

Денес вез најава откажан е автобусот од Скопје за Битола во 14:30. Едноставно, го откажуваат! Не е битно дали некој прави планови, оди на карта дека возниот ред е оче наш за превозниците, дека има лиценци, дека има ред, дека може да смета на нечија сериозност. НЕ! Едноставно, нема бус, па умри си. Еве што нудат за информација, што би требало да бидат нешто како САЈТ.

Транскоп нема превоз за Скопје. Има превоз меѓу Скопје и Велес, и Битола и Прилеп. Она измеѓу му е преодна зона. Доколку навечер во бусевите во 19 или 21 часот тргнете од Скопје за Битола, Очекувајте да нема каде да седите иако имате уредно извадена карта или ако е нумерирана секоја да седи каде што сака, па во автобус со48 или 52 седишта, да има околу 60 души. Така е до Велес каде што слегуваат околу 45 души. Останатите одат за Прилеп и Битола.

Истото е и во обраниот правец во утринските часови. Доколку тргнете за Скопје во 5:50, 7:30, 8:30 или било кој друг утрински бус, ви требаат минимум 30 минути да излезете од Битола. Шоферот прво трга неколку минути покасно, п се паркира на селската станица, таму се качуваат уште тон луѓе (нормално некои и стојат) и продолжува одисејата каде што „мајсторот“ остава луѓе во Оризари, Тополчани, па до Прилеп се возите добри саат време. Генијално! Педесет километри, еден саат. Легендарно.

Прекрасната одисеја ја надополнува седењето од условни пет минути на биртијата Камен Дол близу Росоман во еден шугав објект со смрдено WC и никаков избор. Пет продукти и шугава плескавица со мувла компир. Секако паузите од 5 минути, воглавно траат околу 20.

Автобусот обавезно излегува од автопатот и редовно влегува во Градско. Оди по споредниот пат се до Велес, па имате редовна траума од уште 50 километри. Наводно таква им била лиценцата од Транспорт и врски, морале да одат таму, ќе ги казнеле. Толку многу го почитуваат законот што оваа одредба не сакаат никако да ја прекршат. Јас во изминатите 100 возења видов само 2 пати да се качуваат патници во Градско. Во оние попладневните и вечерните НИКОГАШ.

Патот во најдобар случај трае 3 саати и 10 минути. Според распоредот неверојатни 3 саати и 40 минути. Само за илустрација, зборуваме за дестинација од 180 километри. Излегува да автобусот вози просечно нешто помалку од 50 километри на час. Трагедија, со оглед на тоа што 45% од патот е автопат, 30% магистрален пат прав ко пушка, и само 25% планински превоз и кривинчињата кај Росоман.

На страна ќе ги изфрлам болестите од типот на хигиена во бусевите, однесувањето на шоферите кои неретко не тераат ко стока (побрзо, побрзо, ајде поназад…), пуштањето турбо фолк и сељачка музика до даска, пушењето цигари додека возат, простачкото однесување на неколкумина од шоферите каде што се дерат, објаснуваат за политика, колку ни е посрана државата, колку платите им биле по 200 евра (лажат, проверив, никој не е платен под 18 000 денари, некои и мноооогу повеќе), дека во Скопје сите биле идиоти и дека Југославија и Тито биле лек за сите, и секако за крај дебилното правило дека седиштата број еден и два, не се слободни за седење дури и ако за таа бројка ви е издадена карта, затоа што неќел шоферот некој зад него да седи, затоа што бил напнат и нервозен, го чува за пријатели или пак за пратки (писма, пакети, торби, делови, апарати за домаќинство) за кои наплаќаат по 100 денари.

Ете зошто внатрешноста е накурчена неретко кон државата и кон Скопје. Ете зошто луѓето се организираат на фејсбук, собираат пари и одат со нечија кола. Затоа што за да стигнеш до Скопје или доколку сакаш и имаш потреба да одиш до Битола ќе се осетиш ко гомно, и ќе ти се одмили животот. Оваа неспособна фирма ги држи сите можни линии и има апсолутен монопол, а не нуди ништо. Народот пцуе, колне, се нервира, а тие секако се вадат на државата и Транспорт и врски, тие биле криви демек.

Во 2011 година автобусот ми се расипа 3 пати, сите три пати на сред пустелија. Секако, стоевме …шоферот поправаше, рајата помагаше. Еднаш на Плетвар, еднаш кај Росоман, еднаш кај Катланово. Патот траеше два пати по 4 и пол часа, еднаш скоро пет.

Еден генијалец ми препорача да сум одел со кола. Со кола одење и враќање ми е меѓу 3000-4000 денари, му благодарам за советот. Плус за пат човек треба да е наспан и одморен, а јас по професија не сум шофер. Сакам само да се даде шанса секој кој гледа рентабилност на оваа линја да вози. Потреба дефинитивно ИМА!!!

Bookmark and Share

under: автомото, лично, локално, општество
Tags: , , , , , , , , , , , , , ,

Добра мисла

Posted by: alek_careca | јануари 7, 2012 | No Comment |

Во новата година ви посакувам да влезете оптимистички, со чисти души и искрени мисли. Посакувам да бидете оптимисти, да верувате во себе, да се сакате и да бидете конструктивни во желбата за личен напредок, но и оној на државата.

Пробајте помалку да се нервирате, а повеќе да сакате. Ако не можете, барем пробајте. ;-)

●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩*۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●
†(¯`·٠•●♥ Мирна Бадникова вечер и Честит Божик! ♥●•٠˙’¯)†
●▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬ஜ۩*۩ஜ▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬▬●

Bookmark and Share

under: лично
Tags: , , , , , , , , , , ,

Топлификација ве „сакам“!!!

Posted by: alek_careca | декември 21, 2011 | 2 Comments |

Не сум пишал два месеци. Секој два три дена доаѓа инспирација и мотивација од некоја тема, ама никако да се седне да се пише. Мислам дека ако земам се што ме иритира да пердашам, ќе помисли некој дека се ми смета. Не! Едноставно ми пречи неспособноста, користољубието и злуопотребата на обичниот човек.

Топлификација. Фирма која ја сметам за сатана, фирма која се исживува со народот. Краен садизам. Крева цени, рекетира цела година, уценува, а не испорачува. Имаат плати дупли, тродупли и реалниот сектор, се гребат од државата и уште делат профит. Најсмешно е што бројот на корисници упорно се намалува а тие работат се подобро ….чудно нели?

Им посакувам инспекции, конроли, кривични пријави и „свирење клавир“!

Ова е безобразие ….плаќам 3000 и кусур, а пак се греам ноќе со греалица. Еве гледам некој дебил се јавува кај Јанко и ги брани дека имало правилници и дека Регулаторна дозволила.  Сите нив јас би со една палка и по ред. Неспособни морони! Нека се истера зимава и се гасам. Умрете и цркнете лопови скапани. Ја лапнавте во 90-тите за без пари, сега глумете жртви.

Барам државата да ја откупи и да ја раководи одговорно и со социјални цени или целосно да го либерализира пазарот, трето нема.

Bookmark and Share

under: лично, локално, општество
Tags: , , , ,

I love sky.mk

Posted by: alek_careca | октомври 25, 2011 | No Comment |

Како да не се смееш на вакви гревови? Како да не плачеш од смеа и да се тркалаш по подот секој пак кога некоја нинџа ќе тресне некоја зелена?

Поради вакви шалабајзерски статии, повеќето интернет медиуми никој не ги сфаќа сериозно. Да живее SKY.mk и медиумите како нив. :)

n-popovski-sky-kiks

Наградно прашање, од каде СДСМовецот Никола Поповски, стана ВМРОвец и министер за надворешни?! :)

Bookmark and Share

under: интернет, медиуми, политика, сеир, хумор
Tags: , , , , , , , , , ,

Older Posts »

Categories

Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 2.5 Macedonia
This work by alek_careca is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 2.5 Macedonia.