Претпоставувам повеќето од вас ги виделе овие промотивни спотови.
Навистина одлична идеа, да се промовира Македонија, поготово месностите и локалитетите, кои имаа огромно историски, културно или природно значење, а ние ги запоставуваме.
Треба еднаш за секогаш на Македонецот да му се објасни дека не е само Охрид, Матка и уште два три локалитети по пат. Треба да се покаже и докаже дека има мал милион места вредни за почит и кои треба одново да го „откриеме“.
За почеток ве водам во Кратово! Место кој е во изминативе дваесетина години на сите им е познато само по фудбалскиот клуб Силекс, по Љубисав Иванов – Ѕинго и … и толку! Прашај било кого тоа ќе ти каже!
Затоа ова видео ќе ве информира за многу работи, кои сигурен сум ќе ви ја разбудат љубопитноста, па ќе има доста гости, дури и во едно Кратово. Уживајте!!!






