Велија мафија
Дали некој ќе одговара за стресот кој му беше приреден вчера вечер на македонскиот народ? Дали сите инволвирани во вчерашните настани ќе се извинат доколку се докаже дека финансиската полиција не била во А1 туку во другите фирми и дека се работи за милионски криминал? Дали политичарите кои се мотаа околу А1 ќе се извинат за повикот за бунт и државен удар, преку насилно рушење на власта? Дали, дали, дали…
Луѓе, ова ги премина сите граници на пристојно однесување и добар вкус. Преку цеф ми е некој да повторува дека ова е не народна власт и нема. Како е бре не народна, кога победува на сите избори од 2005-та навака и тоа секој пат по убедливо! Како е не народна кога како ниедна власт до сега се грижи за народот? Го направи образованието по достапно (бесплатни учебници, намалена партиципација на факултетите, нови факултети и универзитети, ваучери за компјутери, пристапност до интернет, нови печатени книги), субвенции за земјоделието од над 100 милиони (во времето на СДСМ само 6 милиони), помош при вработувањето и социјалата, откуп на државно земјиште и што ли уште не.
Тоа што најмногу ме извади од такт е што се дозволи да еден обичен мешетар и хокштаплер биде прогласен за маченикот под превезот на медиумите и силуваната демократија. Па луѓе божји, дали сте свесни што се случува? Па сите знаете, дека Велија уште 1997 помошта за развој на медиумот кој го посетува од милион и пол долари, го употреби за да купи замрзнато пилешко. Должи ден денес, во три печатници за кои е тужен (МПМ, Европа 92, Цетис). Не ги враќаше банкарските кредити, не плаќал данок еден куп пати, го пречекорувал делот за рекламирање во телевизијата, увезувал не безбедна храна, продавал роба со поминат рок и после сите овие срања опозицијата го брани и го прогласува за маченик!?!
Овие денови ќе излезат сите негови криминали на виделина, но и споредните играчи, нешто што многумина страшно ги плаши. Мора еднаш за секогаш да се расчисти со криминалните структури. Па нели сите сакаме правна држава? Нели сите бараме да се гони криминалот? Фингераите веќе не проаѓаат!







